Корнелиа Хуетер најдобра на денешниот спуст

24

Репрезентативката на Австрија, Корнелиа Хуетер е освојувач на првото место на денешната спуст трка во женска конкуренција која што се возеше во рамките од Светскиот куп во легендарниот ски центар Вал Ди Зер.

Таа постигна најдобро време од 1:41:54 со што за 26 стотинки беше побрза од второпласираната Кира Видл Винкелман од Германија. Последна на пиедесталот се искачи легендарната Линдзи Вон од САД со заостанување од 35 стоти делови од секундата.

Во генералниот пласман води Микаела Шифрин со 558 бодови пред Алис Робинсон со 394.

 

ПретходноМакедонија добива засилување во Омер Дорук Вардар од Галатасарај
СледноВилсон: Годината да ја завршиме победнички