Ковентри на Френк Лампард е лидер на табелата во англиската Чемпионшип лига откако и денеска остана непоразен на тешкото гостување кај Саутемптон (1:1). Сепак, резултатот на мечот остана во втор план, откако по завршувањето на дуелот, токму некогашниот ас на лондонски Челзи предизвика вистински хаос на теренот.
Имено, тренерот на Ковентри испровоциран од публиката на „Ст. Мери“ имаше ироничен „поздрав“ за домашните навивачи. Лампард гестикулираше невкусно по последниот судиски свиреж, а а тоа предизвика хаос, откаоо некои од играчите на Саутемптон почнаа да го бркаат по теренот.
Во продолжение тој се извини за своето однесување во микс-зоната.
„Немам проблем со играчите кои ме бркаа по теренот. Тоа е во ред, разбирам дека сакаат да ги заштитат своите фанови во оваа ситуација. Но, модерниот фудбалски феномен стана таков, што секој може да му каже се на менаџерот, а ние не смееме да направиме ништо. Се извинувам за мојата постапка и за јазикот кој го употребив, но се надевам дека ова ќе послужи да се извинат и тие“, изјави Лампард.
Southampton players were angry with Frank Lampard as some chased him at Full time. Scenes 🥲pic.twitter.com/wXWWynb7ey
— Goals Side (@goalsside) December 20, 2025










