Пелистер 2 со триумф против Пролет

13

Во последниот меч од 18. коло во ракометната Суперлига и последен воопшто во оваа 2025 година во мак – ракометот, составот на Пелистер 2 на свој терен убедливо славеше против составот на Пролет со 32:25.

Ова беше осма побед за вториот тим на битолчани оваа 2025/26 сезона и единаесеттиот пораз за тимот на Пролет.

Битолчани уште на стартот покажаа во кој правец ќе се одвива овој меч. Поведоа со 2:0, па со 3:1 и од тој момент само ја зголемуваа разликата во своја корист. Гостите колку и да се трудеа сепак не можеа ништо да сторат против расположениот домашен состав, па така на полувремето резултатот гласеше 16:9.

Во второто полувреме Пелистер 2 најмногу внимание посвети на тоа на рутински начин да ја сочува предноста и секако да победи, и во тоа успеа па на крајот дојде до заслужен триумф а Пролет избегна поубедлив пораз.

Мохамед Азиз Бен Махфоудх 10 голови од 13 обиди беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Петар Марковски стрелаше во седум наврати. Кај гостите Палевски запиша седум голови.

ПретходноМаџари покажа сила против Ангели
СледноГолеада во Волфсбург и гостинска победа на Фрајбург