Јувентус со победа во дербито со Рома ја заврши 2025-та

25

Во дербито од 16-то коло од Серија А, Јувентус успеа да победи против Рома на домашен терен со 2:1. Со овој триумф, Јувентус ја заврши 2025 година со победа, со што си го обезбеди спојот со водечките екипи во Серија А.

Рома играше добар фудбал во првото полувреме, го диктираше ритамот, имаше неколку можности, но не успеа да погоди. И како што обично се случува, противникот прв погоди. Во 44-тата минута, по одлична акција, Консеисао погоди за 1:0.

Опенда во 70-тата минута зголеми на 2:0, додека Рома се врати за момент во игра преку Балданзи во 76. минута, но до крајот не успеа да израмни.

Претходно„Вардарки“ за историја: Постигнаа 136 поени и победија со 101 поен разлика
СледноАлегри казнет со 10.000 евра за скандалот на мечот со Наполи!