Башкими објави разделба со дури девет фудбалери од првиот тим

205
фото: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947 (FB)

По завршувањето на првиот дел од сезоната, кумановскиот прволигаш Башкими објави разделба со девет свои досегашни фудбалери.

Од составот кој тимот го имаше оваа есен, напролет во дресот на „зелено-црните“ нема да бидат Џелили, Бихорац, Симоновски, Ајдоган, Адекунле, Јахја, Аскар, Реџепи и Хаџиќ.

Башкими им посакува успех во натамошната кариера, па сега останува да се очекуваат евентуалните нови засилувања.

ПретходноУЕФА „го одврза ќесето“, на 103 клуба им исплати 9.000.000 евра!
СледноШампионот ја заврши 2025-та со победа над Чаир