Данев МВП на мечот на младите ѕвезди, Ѓорѓевиќ најдобар во забивање, Стојаноски најдобар „тројкаш“ (ФОТО)

110
фото: Кошаркарска Федерација на Македонија (FB)

Ол-Стар викендов во македонската кошарка, денеска во СРЦ „Кале“ стартуваше со мечот на „младите ѕвезди“. Во дуелот на двата тима насловени како Next Step и Next Generation, победата им припадна на Next Step кои славеа со 131:125.

Мечот го одбележа Дамјан Данев, младиот кошаркар на Вардар, кој на крајот ја доби и наградата за „најкорисен кошаркар (МВП)“ на натпреварот.

Во паузата беа одржани и натпреварите во забивање и шутирање „тројки“. Најдобар во шутирање „тројки“ беше Глигориј Ѓорѓевиќ (Вардар), додека најдобар во забивање – Дамјан Стојаноски (Феникс 2010).

За време на дуелот, Кошаркарската федерација ги врачи и наградите за најуспешните во младинските категории за 2025 година.

Најдобри клубови во младинска конкуренција: 

КК Вардар (мажи) и ЖКК Вардар (жени)

Најдобри тренери: 

М18 (М) – Љупчо Илчевски (Вардар0

М16 (М) – Горан Андреевски (Водно Санс)

М14 (М) – Нермин Пепиќ (Работнички)

М18 (Ж) – Оливер Стојчевски (Вардар)

М16 (Ж) – Јасмина Герасимовска Николиќ (Вардар)

М14 (Ж) – Никола Петровски (ЖКК Петровски Битола)

Најдобри млади кошаркари: 

М18 (М) – Дамјан данев (Вардар)

М16 (М) – Михаил Анѓелевски (Водно Санс)

М14 (М) – Рон Јетиши (Работнички)

М18 (Ж) – Ана Начевска (Вардар)

М16 (Ж) – Јана Пислевска (Вардар)

М14 (Ж) – Ана Марија Димитриевска (ЖКК Петровски Битола)

ПретходноДејан Станковиќ утре ја презема Црвена Звезда
СледноПретседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога