Заврши есенската полуетапа: Работнички ќе презими на третото место

36
Фото: Горан Стаменков/Штип УГД

Со две гостински победи, Универзитет во Тетово и екипата на Работнички го затворија есенскиот дел од одбојкарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција. Работнички со триумф на гости кај Лирија од 3:1 потврди дека ќе биде еден од тимовите кои и во вториот дел од сезоната силно ќе се наметнат во трката за пласман во плеј-офот, а истото важи и за екипата на Универзитет во Тетово, која последниот есенски дуел во Струмица го доби со максимален резултат.

По комплетирањето на 11. коло, Штип УГД завршува како есенски шампион, со два бода предност пред бранителот на титулата Струмица. Овие два тима и на пролет ќе влезат во меѓусебна пресметка за трофеите, а од сенка својата шанса ќе ја очекуваат и ГОК Борфец, па и Работнички и Универзитет во Тетово.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 11. КОЛО

Сушево – Скопје      3:0 (25:19, 25:22, 25:17)     

Штип УГД – Весна Пробиштип    3:0 (25:17, 25:11, 25:17)  

Македонија Џио – Универзитет во Тетово    0:3 (23:25, 11:25, 23:25)

Шкендија – Струмица 47&72        2:3 (21:25, 26:24, 25:22, 3:25, 6:15)   

Јанта волеј – ГОК Борец   0:3 (10:25, 12:25, 11:25)    

Лирија – Работнички 71&22   1:3 (25:11, 18:25, 13:25, 21:25)

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (31), 2. Струмица (29), 3. Работнички (27), 4. ГОК Борец (26), 5. Универзитет Тетово (20), 6. Сушево (18), 7. Шкендија (14), 8. Лирија (14), 9. Македонија Џио (8), 10. Весна Пробиштип (8), 11. Скопје (0), 12. Јанта Волеј (0).

ПретходноНајбараниот фудбалер во Премиер-лига одлучи каде ќе продолжи!
СледноШокантно: Арсенал го продава Мартинели!