Конте: Мора сите да се свесни како стигнавме до тука

62
Фото: Наполи Х

Во финалето од италијанскиот Супер куп, кој што патем утре се игра во Ријад, Саудиска Арабија се среќаваат екипите на Наполи и Болоња.

Како најава за овој дуел одеше прес конференцијата на тренерот на Наполи, Антонио Конте, кој што потсети на неколку битни моменти од утрешниот дуел.

„Нашиот претходен натпревар против Болоња не беше добар затоа што загубивме со 2:0. Загубивме заслужено. Во споредба со тогаш, најдовме нови решенија поради повредите. Кога губите, мора да ги анализирате причините. По натпреварот со Болоња, го направивме тоа и забележавме пет последователни позитивни резултати“, рече Конте.

„Не смееме да заборавиме како стигнавме до тука. Титулата беше неверојатна, откако завршивме десетти. На ова не му се посветува доволно внимание. Бев јасен од почетокот на сезоната, но веројатно не ме разбирате. Реков дека ќе биде комплицирана година. Новите играчи не се адаптираат брзо. Ова е комплицирана сезона, но ние сме во борба за титулата, сега се бориме за првиот трофеј во сезоната, и покрај проблемите што вклучуваат повреди на некои клучни играчи“, – сподели Конте.

 

ПретходноБарселона триумфално кај Виљареал
СледноДамјан Стојановски, Васко Атанасов и Стојан Ѓуроски се најдоброто во мак-баскетот