ОЛ СТАР СКОПЈЕ 2025: Македонските ѕвезди посилни од американските

72

Главниот настан на Ол старот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“.

Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред се атрактивна кошарка, во која присутните фанови на македнската кошарка можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Кошаркарите максимално сериозно го сфатија овој ревијалн натпревар, се бореа максимално за своите тимови.

Победник можеше да има само еден – оваа вечер тоа беше тимот на „Македонија“, кој славеше победа од (119:115).No description available.

На полувремето, беа реализирани и натпреварите во шутирање тројки и забивање.

Виктор Ефремовски важеше како едне голме фаворит кога станува збор за реализација на онбидите вредни три поени, и во целост ја опврада.

Кошаркарот на Работнички ја доби финалната пресметка против Џавон Грин од екипата на Маџари, и го доби признанието за најдобар во оваа ценета шутерска категорија на „собирот на сите ѕвезди“.

Следна на ред беше и можеби најголемата атракција – натпреварот во забивање.

А таму, голема битка помеѓу Рејмонд Самервил од една, и Дамјан Стојаноски. Беше решена во нивниот меѓусебен дуел во кој како победник излезе центарот на екипата на ТФТ.

А Виктор Ташовски од екипата на ТФТ го доби признанието за најкорисен играч на овој меч на сите ѕвезди.

ПретходноБаерн без проблеми против аутсајдерот
СледноКонечно: И Фиорентина победи!