Ол стар Скопје 2025: „Светот“ ја победи „Македонија“

41

Во женскиот сегмент од „Ол Стар“ кој денеска се одржува во СРЦ „Кале“ се сретнаа тимот на „Македонија“ и „Свет“. Одиграа доста динамичен натпревар во кој на крајот, победата им припадна на гостинските кошаркарки (91:79). Алексис Пул од екипата на Крива Паланка го освои МВП трофејот. Одигра одлично во овој ревијален меч, го заврши со ефект од 27.поени. Во мечот за три поени како најдобра се покажа кошаркарката на Баскет кам, Сара Максимовска, која во финалата пресметка беше подобра од Ива Чолакоска од екипата на Бадел 1862.

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈДОБРИТЕ

Македонската кошаркарска федерација ги подели признанијата за најдобрите за годината што изминува. Најдобар стрелец во македонскиот шампионат е Ивона Кметовска, додека најдобар тренер е Жаклина Стојановска, а најдобра кошаркарка во странство е Анжелика Митрашиновиќ. Баскет Кам е најдобар клуб. Ема Никочевиќ е прогласена за најдобар судија. Во младинска конкуренција, најдобра кошаркарка од М18 лига е Ања Начевска од ЖКК Вардар, во М16 лига жени е Јана Пислевска од ЖКК Вардар, додека во М14 лигата е Ана-Марија Димитровски од ЖКК Петровски – Битола. Најдобар тренер во М18 лигата е Оливер Стојмановиќ од ЖКК Вардар, најдобар тренер во М16 лигата е Јасмина Герасимовска-Николиќ од ЖКК Вардар, додека најдобар тренер во М14 лигата е Никола Петровски од ЖКК Петровски – Битола. Најдобар клуб кај младинките е ЖКК Вардар.

ПретходноТорино со гостинска победа кај Сасуоло
СледноМаинц и Сент Паули ги поделија бодовите