Семејството Анчелоти пред кам-бек на „Сантијаго Бернабеу“

116

Давид Анчелоти, синот на Карло Анчелоти, би можел да го замени Чаби Алонсо на позицијата главен тренер на Реал Мадрид, објавува Sport.es.

Според изворот, заминувањето на Давиде Анчелоти од Ботафого би можело да биде поврзано со евентуалното отпуштање на Чаби Алонсо, кој не успеа да го имплементира својот стил на игра во Реал Мадрид.

Помладиот Анчелоти го напушти Ботафого на 18 декември. Заедно со Италијанецот, кој го води тимот од јули 2025 година, беа и фитнес тренерот Лука Гера, како и неговите помошници Луис Тевенет и Ендру Манган.

ПретходноНеочекуван расплет: Лејкерси поразени од отпишаните (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Проблемот е тоа што играчите не се доволно храбри