ТВ Мадрид жестоко му врати на Хоан Лапорта!

57
ФОТО: FC Barselona/X

По се она што изрече деновиве за ТВ на Реал Мадрид, јасно беше дека Хоан Лапорта ќе добие одговор. Па така ТВ Реал Мадрид го искористи своето време пред натпреварот со Севиља за да ги анализира најновите настани околу озлогласениот „Казус Негреира“. Клупскиот канал не ја пропушти можноста директно да му одговори на претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, кој пред неколку дена изјави дека „Телевизијата „Реал Мадрид“ само повраќа лаги…

Одговорот на RMTV беше молскавично брз и бескомпромисен:

Ако кажувањето вистина е повраќање, ние ќе продолжиме да повраќаме“. Во своето емитување, телевизискиот канал „белите“ детално го анализираше сведочењето на претседателот на Барселона пред судија, истакнувајќи три главни точки што ги дефинираше како „противречности или лаги“.

„Лапорта беше фатен во три противречности или лаги, што е кривоклетство и е кривично дело“, наведе медиумот.

Еве кои се тие:
Прва контрадикција: Неговото тврдење дека не го познава Негреира, и покрај постоењето на видео снимки што го докажуваат спротивното.
Втора контрадикција: Неговите зборови дека спортскиот и техничкиот персонал ги добил извештаите, додека тренери како Луис Енрике и Ернесто Валверде категорично негираат дека некогаш ги виделе.
Трета контрадикција: Прикажување кутии наводно полни со извештаи, проследено со тврдењето дека истите овие документи биле уништувани на секои пет години.

„Кој потоа повраќа?“, реторички завршува анализата на телевизијата на клубот. Телевизијата на Реал Мадрид продолжи со острата реторика кон Лапорта, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.

Најлошото е што ве сметаат за будала и се обидуваат да ве натераат да верувате во низа огромни измислици. Лапорта лажи пред судија. Сведок влегува како таков, но може да излезе обвинет за лажење. Можете да им се потсмевате на вашите членови, можете да им се потсмевате на Шпанија, но не можете да му се потсмевате на судија“, коментираше каналот.
Во соопштението се нагласува дека ова е „огромен скандал“ и „измама“ од која сите клубови треба да бидат огорчени. Медиумот изрази жалење што правдата работи побавно од посакуваното, но изрази уверување дека „моралната правда ќе победи и ќе се докаже дека Барселона измамила“.

ПретходноШокантно: Арсенал го продава Мартинели!
СледноНа 30-годишнината од европската титула: Во Радовиш откриена „Бистата на борачите“