Во вториот дуел од денешната програма во италијанската Серија А, тимот на Торино забележа гостинска победа кај тимот на Сасуоло од минимални 0:1.
Клучниот момент на дуелот се случи во 66. минута од мечот кога Никола Влашиќ погоди од белата точка за гостинско водство, што подоцна се покажа дека е и конечно.
Торино со оваа победа бега од долниот дел од табелата и стигна до 20 бодови, додека Сасуоло е десетти со бод повеќе.










