Лоша вест за Манчестер Јунајтед е поразот од Астон Вила во дербито на колото во Премиерлигата. Сепак уште полоша вест е таа дека капитнот Бруно Фернандеш се повреди. Па така на полувремето мораше да остане во соблекубалната.
Повредата ја поврди самиот тренер Рубен Аморим:
„Мислам дека станува збор за повреда на мекото ткиво со Бруно, па враќањето ќе потрае. Ќе видиме. Можеби ќе го изгубиме за неколку натпревари, не сум сигурен“,коментираше Рубен Аморим за повредата на Бруно Фернандеш и се осврна на состојбата на Коби Маино кој не беше во протоколот за дуелот со Астон Вила, но би можел да се врати на вториот ден од Божиќ за средбата со Њукасл:
„Коби Маино е надвор, Бруно исто така. Ќе најдеме решенија“.










