Астон Вила го совлада Јунајтед и ја продолжи својата неверојатна серија (ВИДЕО)

30

Во централниот настан од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Астон Вила на свој терен го пречека Манчестер Јунајтед. И во одлична звоја изведба го совлада со конечни 2:1.

Вила саљмо го потврди она што е очигледно за целиот свет. Јунајтед има огромен проблем и не знае очигледно и како да го реши. Поразите и мечевите без полн плен се редат, а решение нема ниту менаџерот Рубен Аморим, ниту пак неговите претпоставени.

Што се однесува пак конкретно до овој меч, падот на гостите започна во 45. минута кога Морган Роџерс прекрасно погоди со десна нога неодбранливо во левиот агол од голот.

Својот момент Јунајтед го имаше само минута подоцна, откако Доргу исфорсира домашна грешка, а Матеус Куња реализира за 1:1.

Сепак, како што е вообичаено, Манчестер не го искористи овој моментум во вториот дел, напротив, во 56. минута Морган Роџерс со својот втор гол на многу сличен начин како и во првиот дел успева повторно да и донесе на Вила водство, овојпат пресудно за конечниот нејзин триумф.

https://streamff.link/v/a53c926c

 

ПретходноИнтервју со Елкан Мамедов – директор за асоцијации и развој во ФИФА (ВИДЕО)
СледноБаерн без проблеми против аутсајдерот