Џенова – Аталанта 0:1 вечерва на “Мараси“ во меч од 16.коло во Серија А. И тоа со гол на Хиен во четвртата минута од судиското продолжение што секако дека делуваше шокирачки за фановите на домашниот состав кој реално не заслужија да бидат поразени на оваа средба, или барем не заслужија на ваков начин да бидат поразени.
Треба да се каже дека домашните уште од 3.минута играа со играч помалку, или практично цел натпревар, откако голманот Леали беше исклучен. Но и покрај тоа Џенова одигра храбар натпревар, имаше и шанси за победа, но ете на крајот квалитетниот состав на гостите знаеше како треба во самиот финиш на мечот и успеа да освои големи три бода.
Сега Аталанта има 22 бода и се наоѓа на 9.место на табелата, а Џенова остана на 17.место со 14 бодови.










