Баерн без проблеми против аутсајдерот

30

Лидерот на бундеслигашката конкуренција, тимот на Баерн Минхен, немаше поголеми проблеми да ги освои трите бода вечерва на гостувањето кај тимот на Хаиденхајм.

Конечните 0:4 се дело на хрватот Јосип Станишиќ кој погоди во 15. минута од дуелот, за да веќе во 22. минута Микаел Олисе реализира за 0:2.

Гостите како што е тоа вообичаено, имаа тотална контрола на дуелот, а следниот гол беше постигнат во 86. минута ога во листата на стрелците се запиша Луис Диаз.

Конечните 0:4 се дело на Хери Кејн. Баерн има 41 бод по 15 кола додека Хаиденхаим е претпоследен со 11 поени.

 

ПретходноАстон Вила го совлада Јунајтед и ја продолжи својата неверојатна серија (ВИДЕО)
СледноОЛ СТАР СКОПЈЕ 2025: Македонските ѕвезди посилни од американските