Барселона останува без дефанзивецот најмалку 3 месеци

0

Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен, заработи повреда на вкрстените лигаменти.

Кристенсен има делумно кинење на предниот вкрстен лигамент на левото колено. Повредата е здобиена случајно за време на тренинг во саботата поради несмасно движење.

„По прегледот, избран е конзервативен пристап кон третманот. Проценетото време на закрепнување ќе зависи од напредокот на играчот“, се вели во соопштението на Барселона.

Се очекува Данецот да отсуствува од три до четири месеци, објавија неколку шпански медиуми.

ПретходноАтлетико убедлив на гостувањето кај Џирона