Бетис му покажа на Хетафе кој е кој!

26
ФОТО: Real Betis Balompié/FB

Одличен Бетис и убедлив триумф со 4:0 вечерва на свој терен против Хетафе во меч од 17.коло во Ла Лига. Бетис со оваа победа сега има 28 бода и се наоѓа на шестата позиција на табелата, додека Хетафе е единаесетти со само 20 бода.

Уште во 16.минута Руибал стрелаше за 1:0 за тимот од Андалузија и тоа по асистенција на Антони. Само што започна второто полувреме, поточно во 49.минута, истиот играч го удвои водството со што и дефинитивно покажа која екоипа ќе дојде до трите бода на оваа средба. Само три минути подоцна Форналс зголемува на 3:0, за да конечните 4:0 беа дело на Чучо Хернадез во 60.минута. Форналс до крајот стрелаше и за 5:0, но тој гол беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.

ПретходноАталанта во 90+4.минута го расплака “Мараси“!