Пеп Гвардиола го коментираше триумфот на неговиот Манчестер Сити од 3-0 над Вест Хем во 17-то коло од англиската Премиер-лига. Успехот привремено ги стави „граѓаните“ на врвот пред доцниот натпревар на Арсенал, кој не си дозволи да киксне.
„Одлично е да се биде во оваа позиција, но ви велам: нема да го победиме Арсенал освен ако не ја подобриме нашата игра. Сегашното ниво нема да биде доволно и навистина верувам во тоа.
Среќен сум што сме во добра позиција тука, а исто така и во Лигата на шампионите. Блиску сме до врвот. Тимот се подобрува со секој натпревар, бранејќи се на поинаков начин. А нападот зависи од структурата на противникот. Денес беше јасно што треба да направиме, но не бевме во најдобра позиција.
Не се справуваме доволно добро со топката и затоа не успеваме во многу работи. Не сме во најдобра позиција да ги пробиеме линиите и да го направиме следниот потег. Проблемот е што играчите не се доволно храбри да го сторат тоа.
Но, ќе се подобриме затоа што играме отворено. Имаме фантастичен тим и ќе се обидеме да го постигнеме тоа“, рече Гвардиола.










