Готово е. КК Партизан има нов тренер. Во вторник, Хоан Пењароја ќе биде претставен како нов главен тренер на Партизан, а со него би можел да пристигне и кошаркарот за кој толку многу се зборуваше во последните неколку недели. Камерон Пејн е „бомбата“ на Партизан за која се зборуваше, тој чекаше нов тренер да пристигне во Партизан и сега може без пречки да ги засили црно-белите.
Овој кошаркар се договорил и за бројка според која ќе игра за Партизан до крајот на сезоната, а таа е, според медиумите во Србија е 950.000 евра.
Да потсетиме дека Жарко Паспаљ на прес-конференцијата потврди дека има преговори со Камерон Пејн, а сега тие преговори се завршени.
На овој начин, Партизан би можел да воведе две нови засилувања во вторник, покрај тренерот Хоан Пењароја.










