Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0.
Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима отидоа во неповрат, а истите и тоа како се потребни во обата табора.
Сепак, ниту Маинц, а уште помалку Сент Паули денеска успеа некого да убеди дека е тим кадарен да се носи со ситуацијата и да се избори што побргу сезонава за опстанокот.
Сент Паули сега има 12 бодови и е 16 додека, пак, Маинц е последен со само осум бодови.










