Томовски одличен против својот поранешен клуб, ама Битигхајм е поразен

58
фото: SG BBM Bietigheim (Facebook)

Во меч од 16.коло во втората Бундеслига, македонскиот ракометен голман Мартин Томовски уште еднаш прикажа одлична партија. Македонецот на голот на Битигхајм успеа запише 12 одбрани, но сепак ни тоа беше доволно да се избегне поразот од неговиот поранешен клуб Потсдам, на крај резултатот гласеше 28:21 за Потсдам.

Битигхајм, тимот на нашиот репрезентативец Мартин Томовски по ова 16.коло има 26 бода и е на делба на првото место со Балинген и Елбфлоренц.

Во следното коло Томовски и неговите соиграчи го дочекуваат Балинген.

ПретходноСо солзи во очите им рекол на соиграчите дека заминува
СледноТажна вест: Почина поранешен македонски селектор!