Шокантно: Арсенал го продава Мартинели!

50
ФОТО: Arsenal/FB

Шокантни вести доаѓаат утринава од Островот. Имено, според извештаите на медиумите од Англија, Арсенал ќе се раздели со Габриел Мартинели и ова би можело да биде најголемиот шок овој јануари кога станува збор за трансфери. Крилниот напаѓач започна само пет натпревари во Премиер лигата оваа сезона, а игра навистина добро во Лигата на шампионите и постигна гол во сите пет настапи оваа сезона.
Мартинели е првиот играч на Арсенал во историјата кој постигнал гол во пет последователни натпревари во Лигата на шампионите. Според шокантното тврдење на новинар од Англија, Микел Артета одлучил да го продаде Мартинели во јануари.
Новинарот од Турција, Серџан Хамзаолу оди чекор понатаму и тврди дека Арсенал му ги понудил своите услуги на турскиот гигант, Фенербахче.
„Арсенал одлучи да го продаде Габриел Мартинели, а тој беше понуден на Фенербахче. Скап играч“, тврди Хамзалу и продолжува.
„Не знам дали Фенербахче ќе се согласи да го донесе, но тој им е понуден“, тврди новинар од Турција.
Многу клубови, несомнено поголеми од Фенербахче, сигурно ќе се обидат да ја искористат можноста да го доведат Мартинели оваа зима. Еден од тимовите што би биле среќни да го доведат, доколку се појави можност, е Баерн Минхен, кој веќе покажа интерес за Бразилецот.
Оваа информација навистина доаѓа во чудно време бидејќи Артета постојано изјавуваше дека го цени Мартинели и сè што тој внесува во играта на Арсенал.
Очигледно, нешто мораше да се промени во нивниот однос за Шпанецот да одлучи да се ослободи од Мартинели овој јануари. Бразилецот има договор со Арсенал до летото 2027 година и би бил огромен шок за сите на „Емирати“ да го видат како си заминува на почетокот на следната година.

ПретходноЗаврши есенската полуетапа: Работнички ќе презими на третото место
СледноТВ Мадрид жестоко му врати на Хоан Лапорта!