АКН: Победнички старт на Мароко, магија на Ел Каби! (ВИДЕО)

37
ФОТО: Goals Xtra/X

Вечерва стартуваше најновото издание на Афиканскиот Куп на Нации и тоа со мечот во Рабат, меѓу домашната селекција на Мароко и Коморските острови. Иако не така лесно како што се очекуваше, сепак Мароко, кој важи за најголем фаворит за освојување на титулата, успеа со 2:0 да дојде до победнички старт.

И веднаш да кажеме дека Ел Каби, репрезентативецот на Мароко, во таа 74.минута постигна фантастичен, магичен гол со “ножички“ за 2:0. Гол кој секако дека долго ќе се памети.

Првиот гол беше дело на Брахим Диаз во 55.минута. Врз напаѓачот на Реал Мадрид во првото полувреме беше направен и пенал, но во таа 11.минута Рахими не успеа да го реализира. Лоша вест за Мароко е што во раната фаза од средбата се повреди Саис кој во 19.минута мораше да го напушти теренот.

Ова беше натпревар од групата А, во која покрај овие две селекции се и Мали и Замбија. Утре на програмата се три натпревари од овој Африкански Куп на Нации.

ПретходноАморим: Бруно е повреден, најверојатно ќе биде во „аут“ неколку средби!
СледноСо солзи во очите им рекол на соиграчите дека заминува