Тимот на Барселона успеа да ги освои трите бода на многу важното, и воедно тешко гостување денеска кај тимот на Виљареал. Конечниот резултат гласи 0:2, а мора да се наглади дека клулните моменти на овој меч кој што беа секако во полза на гостите, мора се случија во вистински момент.
Оној првичниот, водството се случи во 12. минута од мечот. Рафиња рутински погоди од пенал за 0:1.
Во 39. минута уште еден клучен момент кој имаше огромно влијание врз текот не мечот. Ренато Веига доби директен црвен картон откако стартуваше остро врз Ламин Јамал. Ниту ВАР технологијата не го спаси домашниот играч од прерано заминување во соблекувалната.
Во вториот дел, токму Ламин Јамал, на асистенција на Френки Де Јонг во 63. минута успеа да погоди за водство од 0:2, што се покажа и како конечен резултат.
Барселона и натаму е лидер по 18. кола со сега веќе 46 бодови, а Виљареал е четврти со два меча помалку и 35 поени.










