Хасан Мустафа останува на чело на ИХФ и во следните четири години. 81-годишниот старо-нов предводник на светската „куќа на ракометот“ беше реизбран за претседател на денешниот Конгрес, на кој присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски.
Мустафа кој на чело на ИХФ дојде во 2020 година, оствари доминантна победа, освои 129 гласа од делегатите. Наспротив него, 25 освои Словенецот Фрањо Бовинац, 20 му припаднаа на Герд Буцек или три гласа отидоа за холандскиот претставник Тјарк де Ланге.
Прв потпретседател на ИХФ е Французинот Филип Бана.










