Пред стартот на машкиот Ол-Стар, КФСМ ги награди најдобрите за 2025 година. Најдобар кошаркар е капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, додека најдобар тренер е Васко Атанасов, исто од МЗТ Скопје. Најдобар стрелец е Стојан Ѓуроски од Работнички.

Кај младинските екипи, најдобар играч во М18 лигата е Дамјан Данев од КК Вардар, најдобар играч во М16 лигата е Михаил Анѓеловски од Водно Санс, најдобар играч во М14 лигата е Рон Јетиши од Работнички.
Кај тренерите, најдобри се Љупчо Илиевски (М18), Горан Андреевски (М16) и Нермин Пепиќ (М14). Најдобар клуб во младинска конкуренција е Вардар.











