Шампионот ја заврши 2025-та со победа над Чаир

30

Шампионот МЗТ Скопје А. ја заврши календарската 2025 година со победа. Во последниот натпревар од 11. коло од домашната Суперлига, „штрковите“ славеа на домашен терен против екипата на Чаир со 76:48.

Избраниците на Васко Атанасов освен во првата четвртина кога му дозволија напротивникот да преземе иницијатива и да направи предност од три поени, во следните три четвртини беше убедлив.

Смит-Меккејвен со 17 и Гил со 14 поени беа најефикасни во составот на шампионот, додека кај екипата на Чаир Тачи постигна 12 поени. За МЗТ Скопје ова беше десетта сезонска победа со која останува на делба на првата позиција на табелата со екипата на ТФТ.

ПретходноБашкими објави разделба со дури девет фудбалери од првиот тим
СледноДејан Станковиќ утре ја презема Црвена Звезда