По поразот од Филаделфија, освојувачот на НБА Купот, екипата на Њујорк им с еврати на победите. Синоќа во „Медисон Сквер Гарден“, Никс славеа на дуелот со Мајами со 132:125 и ја обебзедија 20-тата сезонска победа.
Уште една фантастична партија кај Њујорк имаше Џелјен Брансон кој средбата ја заврши со 47 поени што претставува негов рекорд во кариерата. Брансон погоди 15 од 26 шута од поле, 6 од 13 тројки и 11 од 11 слободни фрлања. Тој исто така имаше три скока и осум асистенции за 38 минути на теренот.
Минесота го доби дербито на вечерта против Милвоки пред своја публика со 103:100. Едвардс со 24 поени и Ди Винченцо со 18 поени беа лидери во победата на домашните, додека кај екипата на Милвоки го немаше Јанис, па во негово отсуство Портер беше најдобар поентер со 24 поени.
Продолженијата го решија победникот на мечот меѓу Сакраменто и Хјустон. На крајот домашните славеа со 125:124 во натпревар во кој ДеРозан и Мареј ги предводеа домашните со по 27, односно 26 поени. Кај гостинската екипа Шенѓун постигна 28, додека Дурант имаше 24 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин – Торонто 96:81
Њујорк – Мајами 132:125
Минесота – Милвоки 103:100
Сакраменто – Хјустон 125:124 (прод.)
Вашингтон – Сан Антонио 113:1254










