Двејн Вашингтон испиша историја во АБА лигата!

41
ФОТО: KK Partizan/X

Кошаркарите на Партизан ја победија Крка во Ново Место со резултат од 99:92 во натпревар од АБА лигата, полн со ритам и пресврти, во кој исклучителниот финиш на црно-белиот тим одлучи.
Мечот го одбележа кошаркарот на Партизан Двејн Вашингтон, кој одигра еден од најдобрите индивидуални натпревари во сезоната: натпреварот го заврши со дури 48 поени, со извонреден шут од поле и голема одговорност во одлучувачките напади.
Вашингтон постигна 48 поени со 6/10 шутеви за два поени и 10/14 шутеви за три поени! Покрај тоа, имаше и два скока и три асистенции. Ова е и рекорд во АБА лигата, никој досега не постигнал 48 поени на еден меч во АБА лигата.

ПретходноПешиќ и официјално на клупата на Баерн!
СледноЈ. Африка со три бода на стартот, Замбија и Мали одиграа без победник!