Зекирија Рамадани прогласен за Тренер на годината на Косово

49
фото: Drita FC (Facebook)

Фудбалската федерација на Косово викендов ја организираше традиционалната вечер „Лауреати 2025“, каде што беа наградени поединци, клубови и институции кои придонесоа за развојот на косовскиот фудбал во текот на годината.

Македонскиот стратег Зекирија Рамадани го доби највисокото признание во струката и беше прогласен за „Тренер на годината“ на Косово.

Освен Рамадани кој имаше извонредна година со екипата на Дрита, неговиот клуб беше награден и за најдобар клуб на годината, а ја доби и наградата „Фер плеј“, доминирајќи со фудбалери и во Најдобриот тим на сезоната.

ПретходноУО на ФФМ денеска го потврдува Седлоски за нов селектор на Македонија
СледноЈа продолжија традицијата во чест на својот непреболен другар Лазаров (ФОТО)