Македонија годината ја заврши на 66.место на ФИФА листата!

37

Нашата најдобра фудбалска репрезентација со пад од едно место на најновата листа на ФИФА која искочи денеска. Ако досега бевме на 65.место, годината 2025 ќе ја завршиме како 66-та сила во светот на фудбалот и тоа со 1378.57 поени исто како и минатиот месец, но сега селекцијатана Јордан се искачи едно место погоре, пред нас.

Следната ФИФА листа ќе биде на 19 јануари.

Од друга страна селекцијата на Македонија првите официјални активности во новата 2026, секако со новиот селектор Гоце Седлоски ќе ги има на 26 март кога ќе играме бараж мечот со Данска за пласман на СП 2026. Познато е дека во случај на победа, пет дена подоцна ќе играме во финалето против победникот од второто полуфинале меѓу Чешка и Р. Ирска, и на овој меч Македонија ќе биде гостин.

ПретходноЛазаров: Нема да се жалиме, групата е таква каква што е! Наше е да го дадеме најдоброто на ЕП!
СледноОфицијално: Милан Лазаревски уште две години во РК Вардар! (ФОТО)