Македонија отвара против Данска, Гидсел ги најави амбициите за ЕУРО 2026

87
Фото: ИХФ/Колектиф

Македонската ракометна репрезентација и овој јануари ќе биде во центарот на вниманието, бидејќи ја продолжи традицијата на учества на големи натпреварувања. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе бидат дел од Европското првенство 2026 година, а таму силите ќе одмерат со Данска која е еден од главните фаворити за освојување на златниот медал.

Какави се амбициите на оваа селекција, доволно говори фактот дека веќе се гледаат во следната рунда. Матијас Гидсел во интервју за ЕХФ, не ги кометираше секој од противниците во групната фаза, туку нивната цел. Не потценува никого, но Данска како домаќин сака да стигне далеку.

„Се надевам дека ќе ја поминеме групната фаза и ќе се пласираме во главната рунда. Неверојатно е колку силни екипи има во таа група од главната рунда. Тоа ќе биде одлично за промоција на ракометот секој пат кога ќе стапнеме на терен“, изјави Гидсел.

Македонија и Данска ќе се сретнат на првиот меч од групната фаза, дуелот е закажан за 16 јануари во Хернинг.

ПретходноЈ. Африка со три бода на стартот, Замбија и Мали одиграа без победник!
СледноЕмери е приземен: Не сме кандидати за титулата