Напредок на машките и женските младински селекции на ФИБА рејтинг листата

18

Календарската 2025 година, Македонија во машка и женска младинска конкуренција ја завршува со напредок на ФИБА рејтинг листата.

Кошаркарите напреднаа четири позиции, Македонија има збир од 306.7 бодови со кои е класифицирана на 23. позиција во европската зона на ФИБА, односно на 49. место на онаа светската.

Шпанија останува лидер во оваа конкуренција, има вкупно 734.1 бодови, пред Италија која се проби на втората позиција со 715.4, Франција, која има 711.1. Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Србија и на Литванија.

Што се однесува до дамите, Македонија е на 37. место во европскиот рејтинг на Светската кошаркарска организација со вкупно 118.8 освоени бодови. Во вкупниот ранкинг, женската младинска селекција е на 88.позиција.

Инаку на лидерската позиција во Европа се националните тимови на Шпанија, пред оние на Франција и на Словенија забележа скок од две места, и се проби во првите три.

ПретходноПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: НЕВЕРОЈАТНИ 10.641.052 ДЕНАРИ ВО ОХРИД – РОЈАЛ ЏЕКПОТОТ ДОНЕСЕ СРЕЌА ЗА Б.С.
СледноКузмановски: Имаме тешка група, но ќе се бориме за Македонија!