Ова е таа магија на Купот: Доби црвен картон по само 13 секунди! (ФОТО)

57
Монтре го победи Шовињи со 2-1 на домашен терен во натпревар од 1/32-финалето на Купот на Франција, но натпреварот ќе биде запаметен по инцидентот што се случи во 13-тата секунда. Токму во 13-тата секунда, десниот бек на Шовињи, Логан Ажонон, беше исклучен со директен црвен картон. 23-годишниот Ажонон беше последниот одбранбен играч во одбраната на гостите и фаулираше еден противнички играч. Француските медиуми брзо го опишаа црвениот картон на одбранбениот играч како најбрз во историјата на натпреварувањето.

 

ПретходноКај Пеп нема попусти: Сите што ќе се здебелат за Божиќ „летаат“ од тимот!
СледноКејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен