Фулам со “минималец“ до победа против “Шумарите“!

20
ФОТО: Fulham FC Official/FB

Фулам го победи Нотингем Форест со 1:0 во натпреварот од 17-то коло од Премиер лигата. На „Крејвен Котиџ“ се одвиваше прилично израмнета борба, но Фулам однесе три бода од овој дуел.
Домашниот тим поведе во 45+5 минута од натпреварот од пенал. Даглас Луиз направи прекршок, а судијата Тејлор одлучи дека е пенал.
Хименез лесно го погоди овој удар во голот за 1:0, што ќе се покаже како единствен гол.
Нешто подраматично се одигра во вториот дел од второто полувреме со поагресивна игра на Фулам.
Во 84-тата минута, Хименез доби центаршут, но не реагираше како што треба и резултатот остана 1:0.

ПретходноАКН: Салах со гол во 90+1.минута им донесе победа на “фараоните“!
СледноЕспањол ја покори Баскија!