Андреј Лазаров на почетокот на оваа година трагично го загуби животот во големата трагедија која го погоди Кочани и Македонија во стравичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани. Неговите другари кои со его настапуваа во повеќе македонски клубови, се собраа на крајот на оваа година и не заборавија на него.
Во објавата на социјалните мрежи, Александар Мишов, Вареловски, Ивановски, Миловановиќ, Спахиу… најавија дека ќе ја продолжат традицијата во спомен на нивниот непреболен другар, кој секогаш ќе биде со нив.











