За малку изненадување, ама сепак победа на крајот. Египет славеше со 2:1 против Зимбабве вечерва во меч од 1.коло во оваа група кој се одигра во Агадир. И за оваа победа најзаслужен е Мохамед Салах кој со убав гол во 90+1.минута им донесе победа на “фараоните“.
Египет иако потешко од очекувањата ја оправда улога на фавортити и пред мечот прашањето беше само со колкава разлика ќе слави селекцијата која важи за еден од најголемите аспиранти за трофејот на овој натпревар.
Инаку Зимбабве поведе со голот на Дубе во 20.минута, за да Мармуш израмни во 64.минута.
По одиграните први мечеви во оваа група Б, Ј. Африка и Египет се први на табелата со по 3 бода, додека Зимбабве и се без бодови.










