Пешиќ и официјално на клупата на Баерн!

37
ФОТО: FIBA.COM

Едноставно не може без кошарка. Прославениот српски тренер Светислав Пешиќ е новиот шеф на тренерскиот штаб на Баерн Минхен, објави германскиот гигант.
Поранешниот селектор на Србија, кој има 76 години, ќе ги предводи Баварците до крајот на сезоната и ќе го замени Гордон Херберт, кој неодамна се раздели од овој клуб.
Пешиќ веќе го водеше Баерн во периодот од 2012 до 2016 година и им ја донесе на Баварците титулата шампион на Германија во сезоната 2013-14.
Легендарниот тренер последен пат работеше во Евролигата како тренер на Барселона пред пет години, а токму со „блауграната“ го освои ова натпреварување во 2003 година.
Баерн моментално е претпоследен на табелата во Евролигата со резултат од пет победи и 12 порази.

ПретходноМилан има нов напаѓач
СледноДвејн Вашингтон испиша историја во АБА лигата!