Стартуваше мисијата „Хернинг“ – Лазаров прозиваше за ЕП (ФОТО)

112

Македонската ракометна федерација денеска ќе стартува со подготовките за претстојното Европско првенство 2026 година. Нашиот најдобар национален тим ќе има пеколна задача бидејќи е во група со Данска, Португалија и Романанија, градот домаќин е Хернинг.

Селекторот, Кирил Лазаров на располагање има 22 ракомети и плус седум резерви кои доколку биде потребно ќе бидат дополнително повикани. Од Светското Првенство го нема Милан Лазаревски, кој поради повреда се уште е надвор од терените. На негово место е повика Самоил Ристевски за кого ова е прв повика во сениорскиот тим.

Во рамките на подготовките Македонија ќе одигра пријателска средба со Хрватска во Пореч, додека пак во Швајцарија ќе биде гостин на меѓународен турнир на кој силите ќе ги одмери со Бахраин, Украина и домаќинот.

Планот на Лазаров е тимот да биде пет дена порано во Хернинг со цел ракометарите да се аклиматизираат на средината.

ПретходноСедлоски го одбра тимот соработници: Јовчев, Христов… во стручниот штаб на репрезентацијата
СледноРаботнички се раздели со Тупајиќ!