УО на ФФМ денеска го потврдува Седлоски за нов селектор на Македонија

461

За денеска е закажана седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија со една точка на дневниот ред: Избор на нов селектор на македонската А-фудбалска репрезентација. Она што се пишуваше во медиумите во целиот изминат период, денеска треба да добие и потврда.

УО на ФФМ денеска треба да донесе одлука за именување на актуелниот тренер на есенскиот првак Вардар, Гоце Седлоски, за наследник на Благоја Милевски на кормилото на националниот тим. Откако тоа денеска треба да биде и верификувано, во наредните денови ќе се очекува и неговата официјална промоција.

Засега останува само нејасно каква ќе биде позицијата на Седлоски во ФК Вардар, откако од таму на брифинг минатата недела најавија дека тој ќе остане на кормилото на „црвено-црните“ до крајот на сезоната, а треба да го предводи тимот и во настапот во европските купови.

ПретходноПешиќ се враќа во Германија за да го преземе Баерн?
СледноЗекирија Рамадани прогласен за Тренер на годината на Косово