Кој тренер ќе го „вади“ тимот на Работнички од оваа сериозна играчка но пред се резултатска криза? По заминувањето на досегашниот стратег Тупаиќ се горенаведеното прашање отворено се поставува.
Кој е тој тренер кој што зимава ќе седне на „жешкото“ столче во Дебар Маало и ќе се обиде да ги поправи нештата кои сезонава се сериозно заминати во погрешен правец.
Од она што „чаршијата“ шпекулира во моментов е дека две имиња се во опција. Муарем Муарем, кој што имаше одреден успех и резултати како во Гостивар така и во Башкими последно, како и искусниот Горазд Михаилов.
Тој пак има сериозно прволигашко но и интернационално искуство, а последно беше дел од тимот на Бeса.















