Официјално: Милан Лазаревски уште две години во РК Вардар! (ФОТО)

47
ФОТО:RK Vardar 1961/FB

Вардар и пивотменот Милан Лазаревски го продолжија договорот и играчот ќе остане дел од црвено-црното семејство и во наредните две сезони. Со тоа Лазаревски ја продолжува верноста кон клубот што почна во 2022 година кога се врати во Македонија и го облече црвено-црниот дрес.

Со продолжувањето на договорот, Вардар задржува играч кој веќе се профилираше како еден од столбовите на тимот на пивотменската позиција и кој со својот карактер, работна етика и однос кон клубот претставува пример за младите ракометари.

Клубот гради тим на подолг рок, а токму играчи како Милан, кои во целост ги прифатиле вредностите и обврските што ги носи црвено-црниот дрес, се темелот врз кој се градат идните успеси.

Навивачите и во следните две сезони во „Јане Сандански“ ќе го гледаат еден од најборбените играчи во тимот. Неговата енергија, жестината во дуелите и подготвеноста да се жртвува за секоја топка многупати ја подигнуваа публиката на нозе.

ПретходноМакедонија годината ја заврши на 66.место на ФИФА листата!
СледноПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: НЕВЕРОЈАТНИ 10.641.052 ДЕНАРИ ВО ОХРИД – РОЈАЛ ЏЕКПОТОТ ДОНЕСЕ СРЕЌА ЗА Б.С.