Грчкиот новинар Сотирис Ветакис објави дека довчерашниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ е прв кандидат за клупата на Баерн Минхен по заминувањето на Гордон Херберт.
Баерн Минхен е пред промена на тренерскиот тим по разочарувачкиот настап во Евролигата, кој не ги исполни очекувањата. Клубот сега брзо се обидува да пронајде замена за отпуштениот Херберт, а според Ветакис, главен кандидат е Светислав Пешиќ, кој има статус на легенда во Германија, откако претходно го водеше Баерн од 2012 до 2016 година во три последователни сезони во Евролигата.
Клучен фактор би можел да биде спортскиот директор Драган Тарлаќ, кој тесно соработуваше со Пешиќ за време на неговиот престој во Србија.










