Се чини изненадувачки, но така е. Ален Тупајиќ не е веќе тренер на Работнички. Како што информираат од страна на клубот од Дебар Маало, Работнички и Тупајиќ спогодбено ја прекинале соработката. Ова значи дека некогашниот четирикратен шампион на Македонија кој има катастрофална сезона, ќе мора да бара нов стратег, четврти оваа сезона по Марковски, Ердер и Тупајиќ.
Тупајиќ го презема Работнички на 14 ноември, го водеше тимот на три меча и на сите доживеа пораз.
Да кажеме дека пред неколку дена клубот објави дека се разделил со повеќе играчи кои досега го носеа дресот на Работнички.















