Ќосевски потпиша за ГРК Охрид! (ФОТО)

70
ФОТО:ГРК Охрид - GRK Ohrid/FB

Откако утринава РК Вардар информираше дека Ален Ќосевски не е веќе играч на “црвено – црните“, ракометарот не чекаше многу за да и најде нов ангажман и тоа во ГРК Охрид.

Па така и официјално и дефинитивно Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид! Ова клубот од Охрид на своите социјални мрежи го потврди.

Ќосевски потпиша на 1.5 сезона со ГРК Охрид, настапува на позицијата десно крило, има 24 години (184цм).

Доаѓа по 6.5 сезони поминати во РК Вардар 1961, има настапи за сите младински категории на Македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име е секогаш на поширокиот список на Македонската сениорска репрезентација.

ПретходноОфицијално: Седлоски е новиот селектор на А-репрезентацијата на Македонија!
СледноКрстовски голот го посвети на својот прерано починат другар!