Никола Јокиќ ја продолжи со феноменална форма, во победата на Денвер на домашен терен над Јута Џез од 135-112 и покрај тоа што играше помалку од 29 минути и беше само шести најдобар стрелец во тимот, тој имаше брилијантен настап. Постигна 14 поени и имаше 13 скока и асистенции.
Тој постигна трипл-дабл пет минути по почетокот на третата четвртина и за нешто повеќе од 20 минути игра.
Ова е 179-ти трипл-дабл натпревар на Јокиќ откако влезе во НБА пред десет години. Само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (207) имаат повеќе вакви натпревари од него во историјата на најсилната лига.
Прашање на денови е кога Јокиќ ќе го надмине Робертсон, а потоа ќе остане само Вестбрук. Тој не е недостижен ниту за Јокиќ, бидејќи Србинот (30) е седум години помлад од Американецот.
Џамал Мареј беше најефикасен за Нагетсите со 27 поени, а Камерон Џонсон и Пејтон Вотсон постигнаа по 20. Џез ги предводеше Лаури Марканен со 27 поени и осум скока.
Nikola Jokic this season:
— 3rd in points
— 1st in rebounds
— 1st in assists
— 1st in double-doubles
— 1st in triple-doubles
— 2nd in true shooting percentageTop __ in the MVP race. pic.twitter.com/54BQXoCoco
— StatMuse (@statmuse) December 22, 2025
Кливленд – Шарлот 139:132
Бостон – Индијана 103:95
Њу Орлеанс – Далас 119:113
Денвер – Јута 135:112
Оклахома – Мемфис 119:103
Голден Стејт – Орландо 120:97
Портланд – Детроит 102:110










