А некогаш ја носеше “десетката“ на Барса: “Можеш да си одиш, не те сакаме“!

120

Ансу Фати со години не е тоа што требаше да биде како некогаш најголемиот светски талент.Од најголемиот талент во светот и „десетката“ на Барселона, тој дојде до точка каде што тимовите повеќе не го сакаат во својот состав.
23-годишниот офанзивен играч пристигна на позајмица од Барселона во Монако минатото лето. Не изгледаше лошо на теренот, постигнувајќи шест гола на 14 настапи, но клубот одлучи дека повеќе не го сака во своите редови.
„Монако повеќе не го сака Ансу Фати во клубот“, пренесуваат медиумите во Франција и Шпанија.
Управата на Монако одлучи месеци однапред дека не им е потребен Фати. Му беше кажано тоа, па затоа ќе бара нов клуб. Дали тоа ќе биде во јануари или од следната сезона, ќе се знае многу наскоро. Ансу Фати некогаш беше најголемиот талент во светскиот фудбал. Дебитираше на 16 години за Барселона, ја доби „десетката“ на Лионел Меси и почна да урива бројни рекорди.
Неговата кариера беше променета од повредата на коленото на натпреварот против Бетис на 7 ноември 2020 година. Од тој момент, ништо не беше исто.

ПретходноПочина македонската фудбалска легенда Васил Рингов
СледноЈамал си кажа зошто не можел да има девојка!