Мато и Уганда тргнаа со пораз на КАН 2025

1

Фудбалерите на Тунис ја совладаа Уганда со 3:1 во вечерашниот дуел од купот на африкански нации. Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато одигра 83-минути, но немаше некои посериозни шанси да го загрози голот на Тунис.

Формалните домаќини многу подобро влегоа во натпреварот и уште од првата минута го притиснаа противникот. Стрелци на головите за Тунис беа Шкири во 10-тата и Ачури во 40-тата и 64-тата минута. Почесниот погодок за Уганда го постигна Омеди во 92-та минута.

Во останатите натпревари кои се одиграа во текот на денешниот ден Нигерија ја совлада Танзанија со 2:1, Сенегал со 3:0 славеше против Боцвана, а ДР Конго со 1:0 ја однесе победата против репрезентацијата на Бенин.

ПретходноРомано: Манчестер Сити е пред потпис со Семењо